Програма за Град Скопје

Тука може да ја преземете целосната верзија на програмата за Град Скопје

Скопје, како главен град на Северна Македонија, во рамки на истражувањето за квалитетот на живот во европските градови 2023, се позиционира со специфични предизвици кои ја дефинираат почетната состојба за следните години. Иако перцепцијата за квалитетот на живот се подобри во однос на 2019 година (+4 процентни поени), резултатите откриваат дека градот и понатаму заостанува во повеќе клучни области.